Адам од Атлета: Фитнес центрите можат да бидат безбедно место за вежбање дури и за време на пандемија

Фитнес центар Атлета Скопје
Фитнес центар Атлета Скопје

Одлично опремени, секогаш во тек со најновите трендови и подготвени да се соочат со најголемите предизвици за да го обезбедат најдоброто искуство за своите вежбачи. 😎

Запознајте го нашиот ФитКит провајдер на неделата — фитнес клубот Atleta 2003 што се наоѓа во срцето на градот Скопје.

Познат како фитнес клуб кој зад себе има најголем број на шампиони во бодибилдинг и фитнес во Македонија, Атлета веќе 35 години докажува како едно фитнес студио треба да изгледа и функционира.

Иако пандемијата го разниша распоредот и функционирањето на клубот, сепак тимот на Атлета бргу се врати во игра посилни од кога и да е порано. 💪

Најголем предизвик ни беа давачките што ги имавме за време на оние 3 ипол месеца додека не фунционираше салата. Сепак, вежбачите имаа разбирање. Салата сега е отворена и ги следиме протоколите пропишани од Владата и бргу се адаптиравме кон нив, но се надеваме на брзо нормализирање на ситуацијата и зголемување на бројот на посетители, бидејќи фитнес центрите се безбедно место за вежбање дури и за време на пандемија, вели Адам Глигороски, фитнес тренер во студиото.

Фитнес центар Атлета Скопје
Фитнес центар Атлета Скопје

А еве кој е протоколот за влегување во Атлета и начинот на кој што студиото ги почитува здравствените препораки: 👇

  • Дезобариера поставена на влезот

Поради пандемијата, значително е намален бројот на вежбачи и затоа распоредот претрпе промени. Сепак, доколку се створи гужва и има над дозволениот број на вежбачи, ќе воведеме задолжително закажување на термин за тренинг, објаснува Адам.

Затоа, Адам со апел до вежбачте кои што со нетрпение очекуваат да се вратат во сала:

Апелираме на намалување на паниката, на зголемување на свеста и на почитување на протоколите за време на пандемијата со цел побезбедно вежбање.

Фитнес центар Атлета Скопје
Фитнес центар Атлета Скопје

Ако сакаш да бидеш дел од енергичниот тим на Атлета и да креваш тегови во друштво на шампиони, посети го нивното фитнес студио на булевар “Кузман Јосифовски Питу” број 24а во Скопје.

Ако ти требаат повеќе информации за распоредот и тренинзите, заследи ги на Инста (@Fitnessclubatleta) — или пиши им порака на Фејсбук (Fitness club ATLETA GYM) за да бидеш секогаш во тек со новостите на студиото.

Врзувај патики и се гледаме со сала! 😎

ФитКит лого
ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store