Image for post
Image for post

Вежбам за да бидам посилен, а изгледот ќе си дојде сам по себе!

ФитКит инспирација: Војислав Станојевиќ од Тетово

Епидемијата зададе сериозен удар врз фитнес рутината на Војо, но тој не се предаде на комфор зоната туку си направи своја домашна теретана.

Затоа, му симнуваме капа на нашата следна ФитКит инспирација на неделата — 34-годишниот Војислав Станојевиќ (Војо) од Тетово. 💪

Во домашни услови, од реквизити користи карики, склекери и ластици, а најчесто вежба pull ups, push ups, dips на карики и различни вежби со ластици и сопствена тежина.

Војислав Станојевиќ од Тетово, ФитКит инспирација на неделата
Војислав Станојевиќ од Тетово, ФитКит инспирација на неделата

Иако теговите со тежина во Hammer Gym му недостигале најмногу, сепак Војо го нашол чарето на друго место. 😅

📢 Еве како гласи неговата равенка за здрав живот: 70% исхрана, 20% сон и 10% тренинг.

A како изгледа фитнес рутината на Војо?

Војислав Станојевиќ FitKit
Војислав Станојевиќ FitKit

Шака суво грозје, протеинче и туш. Вака се опушта Војо после вежбање. А во слободното време обожава да експериментира со храна (и тапани). 🔥

Протеини, влакна и зелени ствари се нешта кои што се колне дека никогаш нема да ги исфрли од исхраната (се` уште мака мачи со компирите).

Ако ти се допадна приказната на Војо, ова е неговиот Инста @illusional_v каде што ќе најдеш изобилство од мотивациски пораки и видеа од вежбање.

P.S. Sorry ladies, he is taken! 😍

FitKit aplikacija
FitKit aplikacija

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store