ФитКит инспирација: Дарко Гочевски од Велес
ФитКит инспирација: Дарко Гочевски од Велес

Дарко од Велес: Не треба само да посакувате да сте фит, треба да донесете одлука и да започнете!

ФитКит инспирација: Дарко Гочевски од Велес

Физичката подготвеност е тесно поврзана со неговата работа, па затоа е фокусиран на теретана, тежински тренинг и кардио вежби кои што му помагаат да го обликува телото и да биде секогаш физички подготвен за својата работа во Министерството за внатрешни работи.

Запознајте го 30-годишниот Дарко Гочевски од Велес, нашата ФитКит инспирација на неделата. 👋

Дарко ќе го најдеш како вежба во фитнес центарот Лазариус во Велес. Омилена вежба му е incline bench, а мотивацијата му расте до плафон штом ја чуе No fear од 2pac.🎵

Најдобро ми е кога вежбам сам. Така имам подобар фокус и не морам да се прилагодувам на друго темпо, пауза помеѓу сетови и слично. Секако, ако на некоја вежба сакам да одам до максимум, ќе замолам било кој од вежбачите за асистенција.

Инспирација му е Тави Кастро бидејќи го мотивира да ја извади најдобрата верзија од себе си креирајќи ја својата bullet-proof фитнес рутина: 👇

Наутро правам кардио тренинг во парк, а после ручек имам тежински во теретана (секогаш кога тоа го дозволува мојата работа). Кога немам време за 2 тренинга дневно, сето тоа го комбинирам во еден тренинг, со тоа што прво правам тежински тренинг, а веднаш потоа и кардио. Тренингот е ист и во лето и во зима, со тоа што во зима утринското кардио во парк го заменувам со трака во теретана.

ФитКит инспирација: Дарко Гочевски од Велес
ФитКит инспирација: Дарко Гочевски од Велес

Вели дека не забушавал за време на карантин.😇

Затворањето на фитнес центрите ми скрати дел од тежинскиот тренинг, но поголемиот дел од рутината остана ист со тоа што трчав во парк и комбинирав тежински тренинг со тегови што ги имам дома. Од домашни реквизити користев столица, кревет, настрешница како вратило, па се до стари бандажи од автомобил. 😅 Се погоди период кога бев најмногу мотивиран, правев тренизни дома, во парк, на работа. Искрено, не почувствував некое значително намалување на формата, па можеби и сум немал некоја форма хаха.

Која е тајната на Дарко да се остане фит за време на карантин?

Контролиран внес на калории, пресметан според нивото на физичка активност! ✅

Додека е максимално посветен на својата фитнес цел (дома и во теретана) за да си го обликува телото и да ја подобри физичката издржливост, Дарко се изнаслушал на низа смешни коментари од секакви лаици:

  • “Протеинот дебелее!”
  • “За да имам стомачни треба да гладувам?”
  • “Не сакам да сум огромен како оние на Инста!” -”Уживај. Не ни можеш!”

Mindsetot е најголемата причина што луѓето не се истрајни во спортот. Немањето јасна цел за тоа што би постигнале доколку не се откажат и недоволна едукација за тоа колку спортот може да ти го промени животот. Затоа, не треба само да посакувате да сте фит, треба да донесете одлука и да започнете! 💪

За да ги максимизира резултатите од вежбањето, Дарко користи Веј протеин, омега3, цинк и магнезиум како суплементи.

Истовремено, се фокусира на здравата исхрана.

Исхраната е најбитна алатка во секој спорт (прочитајте ја книгата на Новак Ѓоковиќ). Посебно во овој спорт каде сакаме да обликуваме тело, тука мора да се бројат калории и да се мери храната до грам, освен ако не сте некои генетски фрикови и постигнувате цели без да се замарате со кујнска вага. 😁

Со оглед на тоа дека не работи во матичниот град и често патува, ФитКит му овозможува со една месечна претплата да вежба на повеќе локации.

ФитКит инспирација: Дарко Гочевски од Велес
ФитКит инспирација: Дарко Гочевски од Велес

А по вежбањето, Дарко сака да се опушти со muscle massage gun, добар филм или возбудлива игра.

Во слободното време сака да медитира, чита книги, игра Warzone и да пие кафе со своите пријатели.

Пробувам да останам фокусиран на себе, да избегнувам медиумски кликбејт и пумпање на ситуацијата со цел привлекување на повеќе читатели. Да, ситуацијата е сериозна, меѓутоа мораме да се прилагодиме на тоа и да живееме во овие услови додека не помине сето ова.🙌

Ако ти се допадна приказната на Дарко, следи го на Инста (@darkogocevski) и не заборавај да го прашаш за некој совет околку исхраната или вежбањето, со задоволство ќе ти одговори.

P.S. Sorry ladies, he is taken! 🥰

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store