ФитКит Инспирација: Димитар Шавкуловски од Скопје
ФитКит Инспирација: Димитар Шавкуловски од Скопје

Димитар од Скопје: Вежбам за да се чувствувам како 30, кога ќе имам 90 години!

ФитКит Инспирација: Димитар Шавкуловски од Скопје

Ја работи професија од соништата — фитнесот. Обожава да патува, да спортува низ различни локации низ светот и да учи како различните култури го практикуваат спортот.

Во сала, сака да експериментира со различни активности како кревање тегови, кардио, медитација и истегнување.

Запознај го Димитар Шавкуловски (Кекшн), нашата ФитКит инспирација на неделата. 👋

Кога е во Скопје, ќе го начекаш како вежба во Oxygen Fitness, давајќи го максиумот за да ја постигне својата фитнес цел — да се чувствува како 30, кога ќе има 90 години (а не обратно). 😁

Најчесто ќе го видиш како тренинира сам, бидејќи така најдобро се фокусира на вежбањето.

Shoulder Flys, Hip Thrust, Cable Chest Press се неговите омилени вежби.

Вежбам 7 дена во неделата. На моето тело му посветувам минимум по 1 час дневно, а на мојот ум 20–30 минути. Во зависност од денот и времето, комбинирам теретана со медитација или теретана со истегнување или кардио вежби (трчање, кошарка, планинарење) во комбинација со визуелизација.

Иако не е опседнат со посебна облека за спортување, секогаш гледа да избере мајци во светла боја, зашто како што вели — животот е поубав во боја! 😇

ФитКит Инспирација: Димитар Шавкуловски од Скопје
ФитКит Инспирација: Димитар Шавкуловски од Скопје

Човекот од кој што црпи инспирација е Тони Хортон.

Пред 12 години кога почнав со фитнес, имав доста бурен живот. Барав role model кој освен фитнес, ќе ми долови колку е исто така битно да креираш healthy lifestyle што вклучува mental strength food, hobbies, traveling, meditation, yoga. Следејќи го неговиот живот, 2 години подоцна одлучив да ми биде главна професија.🙌

Неговата мотивација за вежбање оди многу подлабоко од тоа да оформи совршено тело.

Пред 8 години изгубив родител поради нездрав начин на живеење. Многу работи се сменија во мојот живот. Pain changes your perception. Сфатив дека животот завршува дента кога ќе останеш дома болен, a не дента кога заминуваш од овој свет. Низ годините добив чиста слика дека најголем мир за себе и за сите околу тебе е да заминеш здрав од овој свет.🙏

Kako free bird и free spirit по природа, вели дека карантинот го искористил максимално за усовршување на самиот себеси како на приватен, така и на професионален план.

Најдобар рецепт за да останеш фит за време на карантин е да посветиш секојдневно 45 минути на твоето тело, 30 минути за твојот ум и да намалиш со внесот на празните калории, бидејќи движењето е сведено на минимум.

Затворањето на фитнес центрите ја промени неговата фитнес рутина во поглед на креативноста за вежбите, но не и големата слика за неговото физичко и ментално здравје. 👌

Луѓето по природа сакаат лесен живот. Тие луѓе не ја сфатиле поентата и не ја согледале големата слика за тоа кој е патот со исполнет живот. Најголемиот проблем е што time is irrelevant кога станува збор за градење здрав живот. This game never ends. Ова е само уште една навика како што е и миењето заби што треба да го воведеш за да имаш долгорочни придобивки.

ФитКит Инспирација: Димитар Шавкуловски од Скопје
ФитКит Инспирација: Димитар Шавкуловски од Скопје

Од суплементи, Димитар користи креатин и протеин.

Путер од кикирики, овошје и јајца му се must-have намирници.

Исхраната е далеку поважна отколку вежбањето. Исхраната директно влијае и на менталното здравје, што треба да биде поголем мотив за сите кои имаат желба да живеат здрав и среќен живот.

Покрај вежбањето, Димитар сака да танцува, фотографира и патува.

За да бидеш сведок на неговите патешествија, заследи го на Инста @kekshn. 👈

Димитар со апел за оние кои што се уште се двоумат да го воведат вежбањето во својот распоред:

Запрашајте се дали сте среќни во вашата моментална состојба? Дали би биле во можност да им помогнете на најблиските, ако вие самите не можете да си помогнете? Бидете возачи на својот живот, не дозволувајте животот да ве вози вам!

P.S. Back off ladies, he is taken! 🥰

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store