ФитКит инспирација: Елисавета Димовска од Битола
ФитКит инспирација: Елисавета Димовска од Битола

Ели од Битола: Клиентите ми се најголемата мотивацијата за да го дадам својот максимум!

ФитКит инспирација: Елисавета Димовска од Битола

Ако си од Битола и си љубител на здравиот и активен живот, сигурно си слушнал за Елисавета Димовска (Ели), нашата ФитКит инспирација на неделата. 👋

Ели работи како нутриционист и тренер во спортски центар „О2 Универзал” во Битола.

Кросфитот е нејзината омилена дисциплина, бидејќи секој тренинг е нов предизвик каде се запознаваш и градиш себеси во посилна и подобра верзија. 💪

Еве со која фитнес рутина и вежби Ели креира посилна и подобра верзија на себеси:

Колку ѝ е комотна и ,,погодена’’ облеката за тренинг ѝ го диктира цел тренинг. Има и комбинации за денови кога не се чувствува расположено за тренинг. 😝

ФитКит инспирација: Елисавета Димовска од Битола
ФитКит инспирација: Елисавета Димовска од Битола

Таа е еден од тренерите кои што умешно се справија со затворањето на фитнес центрите. 😷 Нејзината најголема мотивација и поддршка — лојалните клиенти кои брзо се адаптираа на ситуацијата.

Според Ели, онлајн тренинзите се можеби најдобро решение за да се остане фит во оваа состојба. Тие ѝ помогнаа да остане мотивирана, да си постави цели и да помогне и на оние кои тренираат со неа да ги остварат своите цели и да останат мотивирани.

ФитКит апликацијата ѝ овозможи да работи со клиенти и надвор од Битола. 👌

ФитКит инспирација: Елисавета Димовска од Битола
ФитКит инспирација: Елисавета Димовска од Битола

Исхраната е нејзин извор на енергија за да може да тренира и да гради сила. Затоа, како веган, практикува богата исхрана со витамини и минерали, вегански протеин, а од амино-киселини користи креатин и бета-аланин.

По вежбање, најчесто гледа crime документарци или crime серии, а викендите сака да ги поминува на планина со нејзините кучиња Мина и Пеги.

Ако сакаш да добиеш супер корисен совет за вежбање, исхрана, или инспирација за тренинг, заследи ја Елисавета на Инста @elisavetadimovska.👈

P.S. Guess what? She is free and happy! 😜

FitKit logo
FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store