Емилија Попјордановска — личен тренер кај тебе дома

Image for post
Image for post

Уште од најрана возраст Еми е заљубена во практикување на спорт и нејзиниот ден не може да се замисли без активност. Почетоците се со пливање, но подоцна професионално се посветува на одбојката — спорт што ја има научено на континуитет, одговорност, чувство за тимска игра и меѓусебно помагање.

Во текот на спортските ангажмани таа почнува да ја открива нејзината нова пасија за работа со групни тренинзи. Среќна е што денес може да види голема бројка на луѓе кои што ги поттикнала со нејзината пасија за вежбање и што одржуваат добра психофизичка форма.

Еми верува дека секој може да си ги постигне своите цели доколку биде упорен и посветен. Нејзиниот тренинг и интензитет ќе биде адаптиран на твоите моментални можности и цели, притоа фокусот многу повеќе ќе биде на правилно изведување на вежбите.

Ќе имаш комбинација на вежби со кои ќе ги затегнеш мускулите, ќе ја подобриш флексибилноста и моториката, а притоа ќе ја зголемиш и физичката издржливост. Ќе добиеш една нова енергија и вежбањето ќе ти стане рутина и омилен дел од денот.

Процесот е следен:

  1. Соберете се минимум 5 луѓе, или па ние ќе ти најдеме група.
  2. Пријавете се и кажете кое време најмногу ви одговара.
  3. За повеќе прашања пиши ни на info@fitkit.app или искомуницирај не на нашите профили на или .
Image for post
Image for post

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на и

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store