Зорица од Pulse Fitness & Spa: За неколку месеци ја кренавме фитнес културата во Струмица

Image for post
Image for post

Лоцирано во срцето на градот Струмица, Pulse Fitness & Spa за само неколку месеци ја крена фитнес културата во градот на сосема едно ново и повисоко ниво, а фитнесот и спортувањето ги вметнаа како еден составен дел од животот на струмичани. 💪

Иако студиото се отвори само неколку месеци пред Ковид-19 кризата, сепак тимот на Pulse Fitness & Spa храбро го поднесе карантинот и се справи со сите предизвици што ги наметна епидемијата.

  • Најголем предизвик за време на пандемијата, како за нас, а мислам дека истото се однесува и за другите фитнес центри е враќањето на комплетното членство, враќање на состојбата во нормала, преку превземање на дополнителни мерки за хигиена, дезинфекција и стрикно придржување до протоколите за работа. Како клиентите, така и персоналот се адаптира на новото нормално, со мали потешкотии на почетокот, меѓутоа веќе се е во таа задолжителна нормала, вели Зорица Шонтевска, менаџер за продажба во студиото.

Неколку месеци подоцна, Pulse Fitness & Spa ги отвори вратите и работи со полна пареа, почитувајќи ги сите здравствени препораки и социјалното дистанцирање и тоа: 👇

Image for post
Image for post

намален капацитет во соблекувални и сала

✅ редовна дезинфекција на сала и справи (повеќе пати во денот)

✅ контролирање на температура на клиентите при влез

✅ носење на маски

✅ претходна резервација за тренинг

Доколку си подготвен/a да се впуштиш во акција, еве кои дисциплини ќе ги имаш на располагање во Pulse Fitness & Spa:

  • Функционален тренинг
  • Фитнес
  • Пилатес
  • Јога
  • Кардио
  • Спа

Во моментов, Pulse Fitness & Spa се домаќини на Фит Биз Академијата каде несебично помагаат и поттикнуваат продукција на нови фитнес инструктори.👏

Image for post
Image for post

Со оглед на тоа дека на пандемијата не ѝ се гледа крајот, од Pulse Fitness & Spa велат дека максимално ќе продолжат да се придржуваат до протоколите за работа, постојано ќе ги информират клиентите за сите новости, ќе вршат засилена дезинфекција и на објектот и контрола при влез на температурата на секој од вежбачите.

-Oстанете здрави, бидете фит и не заборавајте да ги почитувате мерките и протоколите за заштита од Ковид-19! 🙏

Ако сакаш да вежбаш во еден од најмодерните фитнес центри во земјава, посети го студиото на Pulse Fitness & Spa што се наоѓа на улицата „Ленинова” број 44 (во склоп на трговскиот центар Глобал) во Струмица.

Image for post
Image for post

Ако ти требаат повеќе информации за тренинзите и распоредите за вежбање, пиши им на Фејсбук и не заборавај да го заследиш нивниот Инста профил (@pulsefit.mk).

Време е за акција дечки, се гледаме во сала! 😎

Image for post
Image for post

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store