Зумба — моќна и видлива aнтистрес терапија

Image for post
Image for post

Ако си во потрага по моќна и видлива антистрес терапија и сакаш да потрошиш до 800 калории на час, зумбата е твојот најдобар сојузник. Ова особено важи доколку не си многу активен/на, помалку се движиш или имаш вишок поткожно масно ткиво кое што сакаш да го ослободиш, ама не знаеш како.

За зумбата како одличен начин за елиминирање на стресот по напорниот работен ден и обликување на телото, се консултиравме со Ивана Бојковска, зумба фитнес инструктор во Фит Боди Центар во Куманово која скоро цела деценија држи часови заедно со нејзината асистентка Маја Величковска.

-Зумбата како спортска активност е од огромна потреба за секој човек. Троши калории како еден јак кардио тренинг, а воопшто не е монотон, дури е премногу забавен. Тоа всушност е комбинација од класични вежби за цело тело и танцови елементи. Вежбањето, воопшто, влијае врз ослободување на стресот. Танцувањето, музиката и движењата во зумбата го прават целиот тој процес многу поинтересен. Покрај подобрување на фигура и ослободување од стресот, ќе добиеш и позитивна слика за себе. Не само што ќе изгледаш добро, туку и добро ќе се чуствуваш. :)

Се препорачува да вежбаш најмалку 3 пати неделно Зумба. Останатите денови кога немаш тренинг, со гласна музика забавувај се со целото семејство во удобноста на твојот дом, вели Ивана.

Иако Зумба-фитнесот е програма која е погодна за сите возрасни групи без разлика дали си машко или женско, сепак во земјава се уште постојат стереотипи дека Зумба е само за девојки. Ивана ги побива овие предрасуди:

-Стереотип не постои, сите знаат дека Зумбата е и за мажи и за жени. Да појдеме првин од тоа дека основачот на Зумбата е маж. И до ден денес и тој работи како Зумба инструктор. Единствениот проблем е што сме далеку од светските трендови и имаме ограничени размислување. Не проблемот дека мажите не сакаат зумба туку се загрижени што за нив ќе мислат и кажат пријателите. Во Македонија имам прекрасни колеги кои се од машки пол, имаат неворојатна енергија, ги сметам за најпрофесионални Зумба инструктори. Мислам дека оваа може да го смениме кај нас со организирање на отворен, пробен Зумба тренинг за нови членови од машки пол. За да посетуваш зумба тренинг не треба професионално да знаеш да ги изведуваш танцовите елементи. Ослободете го умот и пробајте Зумба тренинг!

Послушај ги препораките на Ивана, а ние ти гарантираме дека комбинацијата на фитнес и танц движења, со сигурност ќе те одржува во добра физичка и ментална кондиција.

Доколку те инспириравме да и дадеш шанса на Зумбата како дисциплина, закажи си тренинг преку ФитКит апликацијата, достапна на PlayStore и AppStore и пиши ни како ќе се чувствуваш по ‘зумбањето’. :)

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store