Ина Стефановска од Скопје ФитКит инспирација
Ина Стефановска од Скопје ФитКит инспирација

Ина од Скопје: Наместо да гледате на вежбањето како казна, гледајте го како наградата за своето тело!

ФитКит инспирација: Ина Стефановска од Скопје

Ретко се мотивира од екстерни работи (како изгледот), а движечка сила ѝ е доброто чувство за време на и после тренингот. Здравјето и енергијата кои се резултат на добриот начин на живот и вежбањето се незаменливи за нашата ФитКит инспирација на неделата, 22-годишната Ина Стефановска од Скопје (Инче), студент на Економскиот факултет. 😎

Најчесто ќе ја видиш како тренира во Synergy fitness & spa, каде вежба Deadlift — нејзината омилена вежба.

Сепак, вели дека бадминтон е најдоброто нешто што ѝ се има случено.

Tеретаната ја користи за подобрување на перформансот на терен, затоа баш и не се замара како се облекува за време на вежбање, важно е само да носи шорцеви.

На сметка на тоа, се опседнува со музиката. 🎵 Периодов, на нејзината плејлиста ќе ја најдеш Pop Smoke-Enjoy Yourself ft. Karol G. на repeat.

Ина Стефановска од Скопје ФитКит инспирација
Ина Стефановска од Скопје ФитКит инспирација

А еве како изгледа фитнес рутината на Ина:

Вели дека кризата со Ковид-19 не го разниша нејзиниот фитнес ритуал, туку напротив.

Со оглед на тоа што била повредена, морала да исфрли вежби со тегови. Сепак, за време на вежбањето дома, главни другари ѝ биле resistance band, јаже за скокање и секако, рекетот.

Тајната на Ина да се остане фит за време на карантин? 👇

Од нејзиниот активен живот пред пандемијата, ова најмногу ѝ недостига:

Ина Стефановска од Скопје ФитКит инспирација
Ина Стефановска од Скопје ФитКит инспирација

Наместо да гледате на вежбањето како казна, гледајте како една огромна награда, што вашето тело е здраво и способно, ви дозволува да правите работи што многу други не можат. Токму ФитКит содржи сѐ што му е потребно на еден човек да биде или стане физички активен, вели Ина.

Ина не би исфрлила ништо од нејзината исхрана, само би намалила внес на продукти што смета дека не се од голема корист како на пример благото — нејзино guilty pleasure.😩

Во слободно време сака да поминува долги релации до точакот, особено на потешко достапни планински места.

Во читањето книги наоѓа безрезервна инспирација, а кога сака да заборави на секојдневието — свири на гитара.

Ако те инспирираше приказната на нашата Ина, заследи го нејзиниот Инста профил (@inastefanovska). Ќе најдеш фотографии од една од нејзините животни желби — да оди секаде и да види сѐ!

P.S. Hey guys, she is single and happy!😜

FitKit logo
FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store