Каков тип на #СедиДома вежбач си?

Седењето дома сигурно ти паѓа тешко особено ако си бил тип на вежбач чија секојдевна рутина се состоела од интензивна физичка активност и многу потрошени калории.

Сепак, со оглед на ситуацијата, секој од нас на свој начин си ги прилагодува своите навики за вежбање. Затоа, ти издвоивме неколку типа на вежбачи од дома што периодов најчесто ги среќаваме.

Кој #СедиДома вежбач си ти откриј од текстот во продолжение.

#СедиДома вежбач 1: Седењето дома ти е изговор да не вежбаш 🤔

Сигурни сме дека ти недостига салата, колегите за вежбање и згодните момци/девојки од фитнес центарот што те инспирираат. Револтиран/а си од затворањето на твоето омилено место за вежбање, седиш дома и за инает на светот одбиваш да вежбаш. 🥊 Чекаш да се отворат салите за повторно да си ја вратиш фитнес рутината.

Твојата носталгија е сосема оправдана, но вежбањето не треба да паузира ниту во време на неопходна домашна изолација. Прочитај неколку трикови како да ѝ раскинеш на мрзливоста.

Препорака: Пробај онлајн Ultimate Fit тренинг од дома достапен преку PlayStore или AppStore и замисли си дека се наоѓаш во теретана.😎

#СедиДома вежбач 2: Вежбаш за да не те јаде грижа на совест

Седење дома значи и почесто отворање на фрижидерот. Почеста посета на кујната значи и повеќе готвење и поголем внес на калории. За да не те гризе совеста, се трудиш она што ќе го изедеш да го потрошиш со вежбање.

Еве ти неколку трикови како да престанеш да јадеш од досада што можеби ќе те предомислат следниот пат кога ќе посегнеш по фрижидерот.

Препорака: Пробај KickFit онлајн час со Fierce Fitness преку PlayStore или AppStore и ти гарантираме дека за неполн час ќе ги потрошиш стотици калории. Примамливо, нели? 💪

#СедиДома вежбач 3: Ја користиш шансата да пробаш нови дисциплини

Можеби до сега си вежбал/а со справи, но онлајн тренинзите на ФитКит ти пробудја интерес и те мотивираа да пробаш и други фитнес дисциплини. Секоја чест! 🙌 Ти даваме уште неколку идеи како да останеш фит кога центрите за вежбање не се опција.

Препорака: Штом си отворен за нови дисциплини, ти препорачуваме да се регистрираш преку PlayStore или AppStore на онлајн Јогалатес тренинг со Without Limits студиото.

#СедиДома вежбач 4: Го вадиш максиумот од ситуацијата

Не дозволуваш околностите да те поразат! 💪 Напротив, ја користиш ситуацијата максимално за да стекнеш нови вештини и да си го обликуваш посакуванто телото. Мразиш изговори! Време има за сѐ (особено во домашен карантин). Браво!

Еве ти уште неколку практични трикови како да го искористиш социјалното дистанцирање за да вложиш во себе.

Препорака: Пробај го онлајн Јин Јога тренингот организиран од Fit Life преку PlayStore или AppStore, дисциплина што ќе ти ги надополни сите останати видови и стилови на вежбање.

#СедиДома вежбач 5: Учиш да танцуваш за да не се срамиш во диско

Танцот е вештина што треба да се усовршува, нели?

Журки нема да има сигурно уште месец-два, затоа паметно го користиш времето да слушаш YouTube туторијали и вежбаш пред огледало за да се осигураш дека ќе бидеш главна ‘танц ѕверка’ на следната забава. 😎

Покрај танцувањето, ако постојано седиш пред монитор и гледаш туторијали, ќе ти бидат од корист следниве неколку практични вежби што можеш да ги правиш пред твојот компјутер.

Препорака: За најдобри резултати, приклучи се на Бачата онлајн часовите со Ико преку PlayStore или AppStore и ќе се почувствуваш како да си на латино журка во Доминиканската република. Звучи чудно и несекојдневно, нели?

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store