Како да останеш фит кога центрите за вежбање не се опција?

Image for post
Image for post
JESHOOTS.COM@jeshoots

Кога вежбањето во некој од фитнес центрите не е опција, не значи дека треба да седиш дома и да елиминираш секаква физичка активност затоа што калориите нема да се согорат сами по себе.

Еве неколку идеи кои што ќе ти помогнат да останеш фит се додека повторно не се вратиш на твојата редовна фитнес рутина.

  1. Расчисти по дома

Кога не можеш да одиш во теретана, наместо да гладуваш, килограмите стопи ги со чистење по дома. Дури и да не си баш ентузијаст за чистење, можеби следниве бројки за тоа колку калории трошиш при одредена активност во 60 минути ќе те предомислат:

  • Чистење со правосмукалка = 175 калории
  • Чистење на прашина = 57 калории
  • Миење на садови = 49 калории
  • Чистење на прозорци = 126 калории
  • Средување на гардероберот = 302 калории
  • Пеглање 157

2. Шетај го кучето

Сите сме свесни колку нашите миленици поволно влијаат врз нашето расположение. Но, дали некогаш си се запрашал, колку калории трошиш кога го шеташ кучето?

Во просек, ако 30 минути го шеташ твоето куче низ маало ќе потрошиш 120 калории.

Доколку го шеташ во шума или на планина, за половина час ќе потрошиш околу 220 калории.

По прошетката, твоето куче ќе биде пресреќно, а ти ќе ги потрошиш калориите од оброкот. Идеално, нели? Ако немаш куче, можеби сега е идеално време да вдомиш ;).

3. Направи си план за исхрана

Здравиот и балансиран режим на исхрана треба постојано да ти биде на листата на приоритети, особено кога не можеш да ја практикуваш твојата редовна фитнес рутина.

Затоа, овој период е идеално време да си направиш индивидуален план за исхрана. Искористи го слободното време за да пробаш нови здрави и вкусни рецепти.

Без оглед за кој режим на исхрана ќе се одлучиш, важно е истиот да ти биде балансиран и да содржи соодветно количество на протеини, јаглехидрати, корисни масти, да изобилува со свежа храна и многу течности кои што не само што ќе те одржуваат во добра форма, туку ќе ти го зајакнат и имунитетот.

4. Наместо лифт, користи ги скалите

За твојот кардиоваскуларен систем да биде во одлична состојба, нема ништо подобро од качување по скали. Затоа, наместо да го користиш лифтот во зграда, качи се по скалите. Плус, ова додава уште минимум 3 површини кои нема да има потреба да ги допреш и да се ставиш под ризик.

За време на искачување или слегнување по скали ти се активираат мускулите на нозете, стомачните, рацете и грбните мускули, ти се забрзува метаболизмот, а ти се поттикнува и потрошувачката на калории дури и кога мируваш. И не заборавај да не се држиш за оградата на скалите.

Ова е идеална вежба ако не си многу физички активен/а, особено ако поголемиот дел од времето го поминуваш во седечка положба.

5. Вежбај онлајн

Ако не можеш да ја посетиш теретаната, сепак, тоа не значи дека треба да ја прекинеш и рутината за вежбање. Затоа, тимот на ФитКит ти спреми серија на online часови за вежбање кои што ќе можеш да ги следиш во живо секој ден од 17 часот на нашиот Instagram и Facebook профил.

Спреми си облека за вежбање, наполни си шише вода, осигурај се дека имаш стабилен интернет и те очекуваме на нашите online workout sessions со твоите омилени инструктори. #ВежбамОдДома

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Остани здрав и фит,
Тимот на ФитКит

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store