Катерина Гудева вежба ФитКит
Катерина Гудева вежба ФитКит

Катерина од Струмица: Пандемијата е тест за мојата упорност да водам здрав и физички активен живот

ФитКит инспирација: Катерина Гудева од Струмица

Болката е неизбежна, страдањето е опција! Ова е мотото на нашата ФитКит инспирација на неделата — Катерина Гудева од Струмица (нагалено — Карделен).

Како личност која што не трпи монотонија, за време на карантинот вежбала со онлајн ФитКит тренер, а утринската јога и трчањето биле нејзиниот спас од досадата по дома (и уште се). 💪

22-годишната студентка по медицина, вели дека се уште не може да одлучи дали повеќе го сака трчањето или тежинските тренинзи 🤷🏽‍♀️.

Сепак во едно е сигурна — најомилена вежба ѝ е biceps curls — тоа ја прави да се чувствува најбодибилдерски 😅.

Катерина Гудева ФитКит инспирација
Катерина Гудева ФитКит инспирација

Најголема мотивација и инспирација за Карделен е нејзината најдобра другарка Софи, која ја запознала со убавините во светот на фитнесот, а и секогаш ѝ ги дава најдобрите совети:

Инаку, Софи е една од нашите најактивни ФитКит амбасадори. Таа организираше онлајн тренинзи во текот на целата пандемија. 💪

Очигледно нејзината најдобра другарка одлично влијаела врз тоа Карделен да остане во фит форма во текот на карантинските денови:

Image for post
Image for post

Пред пандемијата, Карделен најчесто можеше да ја забележиш во MyGym во скопско Капиштец и Arena Fitness во Струмица или како игра тенис со дечко ѝ на тениските терени зад City Mall и ужива во секој победен гем.

Еве како изгледаше нејзината фитнес рутина:

И покрај тоа што Ковид-19 ѝ ги разниша навиките за вежбање, таа цврсто останува посветена на својата фитнес цел. Ова е нејзината препорака:

Фокусирана на резултатите, Кате признава дека не обраќа баш многу внимание на облеката за вежбање, особено кога е испитна сесија или колоквиумска недела кога доаѓа да вежба со XL маица со реклама на неа и хеланки со боја која на ништо не одговара. No judging! 🙄

Таа знае колку исхраната е најважна кога вежбаш, но чоколадото и млечните производи се нејзина слаба страна.

Ако ти изнуди насмевка приказната на нашата нова ФитКит инспирација, ова е нејзиниот инста профил @kardelen.g каде што ќе можеш да дознаеш повеќе за секојдневните авантури на Катерина и нејзините омилени луѓе.

Stay tuned! 😎

FitKit logo
FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store