Image for post
Image for post

Луѓето се чудат дека јадам по 15 јајца на ден, но не планирам да ги откажам!

ФитКит инспирација: Горан Тромбев од Битола

Се занимава со бодибилдинг 11 години и јаде по 15 јајца дневно. Сè, ама обичен не!

Запознајте ја нашата ФитКит инспирација на неделата — 25 годишниот Горан Тромбев од Битола. Горан работи во фитнес центарот ФИТ — АЛФА Битола и е свежо дипломиран Нутрицонист.

Неговата опседнатост со здрава храна е за пофалба.🙌

Покрај здравата исхрана, негова пасија е бодибилдингот.

За време на тренинг, слуша хип хоп, рок или метал, а во последно време посветува и поголема внимание на спортската облека. Under Armour е неговиот омилен спортски бренд.

Омилена вежба? Bench press!

Горан ни открива каква тренинг програма треба да се следи за тело како неговото:

Понеделник — Грб

Вторник — Гради

Среда — Одмор

Четврток — Раце (бицепс и трицепс)

Петок — Нозе

Сабота — Рамења

Недела — Одмор

За разлика од оние вежбачи кои што се жалеа дека немаат услови за вежбање при затворени теретани, Горан успешно го надмина предизвикот.

Image for post
Image for post

Кога имало полициски час преку цел викенд, склековите биле најчестата вежба на распоредот на Горан, а кога немало карантин, си организирал тренинг во парк.

Ништо не може да го замени тренингот во теретана, но онлајн тренинзите се најдобрата алтернатива, вели тој.

Нема изговори за седење во комфорт зоната и забушавање, апелира тој.

По напорен тренинг, се наградува со добар протеински шејк. 🍶

Goran Trombev free time
Goran Trombev free time

Во слободното време, Горан сака да се опушти пред компјутер со некоја добра игра, да пие кафе со пријателите и експериментира со храна.

Ако бодибилдингот е и твоја пасија, заследи го Инста профилот на Горан (goran.trombev). Овде ќе најдеш слики од неговите тренинзи и натпревари во бодибилдинг што гарантираме дека ќе те инспирираат. 😎

П.С. Лејдис, Горан е free and happy! 😜

FitKit logo
FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store