Мартина : Јогата им помага на бремените жени подобро да се запознаат со нивните внатрешни и надворешни промени!

ФитКит провајдер: Yoga with Martina
ФитКит провајдер: Yoga with Martina

Се чини дека јогата станува се повеќе и повеќе популарна во Македонија. Таа е единствена практика која е комбинација на вежби за умот и за телото.

Yoga with Martina e уште еден доказ дека физичките активности надополнети со ментални, се одличен начин да постигнеш мир и хармонија. 🙏

Веќе една година, Yoga with Martina е познато по тоа што организира часови по јога за бремени жени. Без разлика дали вежбаaт во студио или онлајн, задоволни клиенти кои искусиле придобивки од јогата ги има безброј.

Најважно е да го слушате вашето тело при практикувањето јога, вели Мартина Димитров, јога инструктор, објаснувајќи ја сегашната процедура за вежбање во студиото: 👇

  • Веднаш при влез, вежбачите имат дезинфекционо средство за дезинфекција.
  • Во самиот ходник си ги оставаат обувките, а опремата си ја носат од дома.
  • Во студиото не се користат дополнителни реквизити за вежбање, бидејќи вежбите се прилагодени да можат да се вежбат само на подлогата за вежбање.
  • Бројот на вежбачите е ограничен и има доволно простор за сите да се оддалечени.
ФитКит провајдер: Yoga with Martina
ФитКит провајдер: Yoga with Martina

Ова е уште една приказна на активност што успешно се прилагоди на ситуацијата уште на почетокот од пандемијата, понудувајќи им онлајн часови на своите ученици. 💪

Потребата за итна дигитализација, го разниша светот на Мартина, но таа го извлече најдоброто од ситуацијата.

ФитКит провајдер: Yoga with Martina
ФитКит провајдер: Yoga with Martina

Ако сакаш да вежбаш јога со Мартина:

  • Посети го PURE студиото каде што ги држи часовите на улица „Коста Новаковиќ” број 46 во Скопје
  • Следи ја на Инста: @yogawithmartinaa
  • Пиши и на Фејсбук: Yoga with Martina

Namaste! 🙏

FitKit logo
FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store