Маја Стојановска ФитКит инспирација на неделата
Маја Стојановска ФитКит инспирација на неделата

Маја од Куманово: Каде и да сум, секогаш барам место за да стојам на раце и глава!

ФитКит инспирација: Маја Стојановска од Куманово

In hello body hello ghost! Ова е фитнес мотивацијата на 28-годишната Маја Стојановска (Маца) од Куманово, нашата ФитКит инспирација на неделата.

Дење и ноќе, за време на карантин или не, Маја најчесто ќе ја најдеш како вежба во нејзината соба или било кое место кое е доволно широкo и има простор за стој на раце (Chaturanga Dandasan) — нејзината омилена вежба.

Омилена активност на Маја?

Претпоставувате — јога! 😎

Облеката за вежбање не и е толку приоритет колку што и е важно да најде место каде да стои на глава.

Маја Стојановска ФитКит инспирација на неделата
Маја Стојановска ФитКит инспирација на неделата

Иако јогата е нејзината љубов, сепак и кик боксот и пливањето се неизоставен дел од нејзината физичка активност.

Тајната на Маја да се остане фит за време на карантин?

Скокај си јаже и вежбај си јога по дома!

Namaste! 🙏

Онлајн тренинзите на ФитКит во голема мера ѝ помогнаа да не ја изгуби навиката за вежбање.

Маја Стојановска ФитКит инспирација на неделата
Маја Стојановска ФитКит инспирација на неделата

Во слободното време (кога не вежба јога), Маја вози точак, сака да црта и илустрира, да патува, учи јазици, пие добро винце, планира каде ќе шета следно и се восхитува на нејзината фитнес инспирација — италјанката Giulia Calcaterra.

Иако Маја не се придржува кон строги режими на исхрана, едно нешто што не би го исфрлила никогаш е крцкав тазе печен леб. 🍠

А се уште мака мачи да престане да јаде и чоколада од 300 грама. 🍫 😋

Ако ти се допадна приказната на нашата ФитКит инспирација Маја, следи ја на нејзиниот Инста профил (@Ommayo0). Ќе најдеш многу фотки од патувања низ светот и инспиративни јога пози.

P.S. She is single and happy, но смета дека би било интересно да проба јога и со партнер! 😜

ФитКит лого
ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store