Надмини го стравот од вежбање и спорт

Image for post
Image for post

Спортистите не само што се ослободуваат од стравот, туку и го контролираат за да им помогне да успеат. Ова може да им звучи чудно на некои читатели, но мислам дека ќе сфатите ако го погледнеме стравот одблизу. Стравот е чувство што поттикнува ослободување на поголема количина адреналин во крвотокот. За да се заштитиме, се активира механизмот „бори се или бегај“ [fight or flight mechanism] и телото се подготвува за акција. Во спортот и во други средини со натпреварувачки дух, изливот на адреналин не се создава поради стравот од опасност туку поради измешани чувства на очекување и возбуда. Спортистите секој ден вежбаат како да се справат со овие емоции на позитивен начин за да им помогнат во подобрување на перформансите. Ако се прашувате зошто треба да го знаете ова и како може да ви помогне да ги постигнете целите, дозволете ми да ви објаснам. Ако сте подготвени и ако имате план за дејствување, тоа ќе ви помогне да го извежбате умот да ги надмине сите негативни емоции што ви стојат на патот, а не мора да сте спортист за да ги користите техниките за вежбање на умот.

Не мора да се соочиме со стравот со залет. Секој ден наидуваме на нешта што ги сакаме, но не ги правиме затоа што чувствуваме преголем страв од неуспех. Луѓето често се загрижени и исплашени ако треба да направат промени во начинот на живот, особено промени поврзани со намалување на телесната тежина или со здравствените цели. Стравот од неуспех или стравот од непознатото често може да ги одврати од намерата да пробаат нешто ново. Пробајте ги овие три едноставни совети за надминување на стравот за да ви помогнат да се ослободите од сите негативни емоции и да ги насочите кон успех.

Прочитај ја целата статија на следниот линк.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store