Почетник во трчање

Image for post
Image for post

Има уште 3 недели до Скопски маратон и доколку немаш никакво искуство туку само ентузијазам, тогаш би ти препорачале да ја искористиш само онаа трка од 5км. Денес споделуваме неколку совети што можеби ќе ти помогнат да се спремиш и да си дадеш ветер во грб за следната година.

Опрема за трчање

Добрата вест е што не треба да купуваш многу опрема за трчање, иако има неколку неоходни работи со кои повеќе ќе уживаш во трчањето.

  • Удобни патики

Слушајте го телото

Ако не се чувствувате спремни за трчање, почнете со пешачење. Откако ќе се навикнете на пешачење за одредено време пробајте да комбинирате џогирање и пешачење. Трчајте со темпо што нема да ве заморува, што ќе може да го одржувате и со кое ќе се чувствувате пријатно додека трчате. Ако почувствувате болка, застанете. Секогаш загревајте се за да го подготвите телото за вежбање и пред да завршите трчајте со побавно темпо.

Трчајте подолго време, не повеќе километри

Во првите неколку недели додека трчате, фокусирајте се на тоа колку време трчате (пешачите или џогирате), наместо да размислувате колку километри сте истрчале. Поставете си цел да трчате 20–30 минути и кога ќе успеете да издржите, продолжете го времето. Истрчаните километри во првите неколку недели може психички да ве обесхрабрат. Откако ќе успеете да истрчате 45 минути со посакуваното темпо, мерете си ги километрите и полека зголемувајте ја должината што може да ја истрчате.

Проучете низ кои фази треба да поминете

Не треба само да почнете да трчате и да поминете што повеќе километри. Наместо тоа, треба да постигнете основно аеробно ниво со тоа што ќе тренирате со интензитет пет или шест ако максималното ниво на интензитет е 10. Причината за ова е тоа што вежбите со рамномерен интензитет, што не се интервалски, ефикасно го учат телото мастите да ги согорува како гориво. Ова ќе биде важно кога ќе почнете да ја зголемувате должината што сакате да ја истрчате. Понатаму може да поработите и на брзината.

Прочитај ја целата статија на следниот линк.

Ако ти се допадна ова што го читаше ќе ни значи да стиснеш на аплаузот 👏 и можеби да ја препорачаш статијава некому на кого му е потребна.

Извор

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store