Раде од Будо: Не мора да бидеш добар за да почнеш, но мора да почнеш за да бидеш добар!

ФитКит провајдер: Спортски центар Будо од Велес
ФитКит провајдер: Спортски центар Будо од Велес

Под мотото Не мора да бидеш добар за да почнеш, но мора да почнеш за да бидеш добар, спортскиот центар Будо од Велес, повторно се враќа во игра, помотивирани за вежбање од кога и да било порано. 💪

Оваа е едно од ретките студија кои што веќе 15 години докажуваат дека се едно од најквалитетните фитнес центри што нудат широка лепеза на дисциплини по мерка на секој вежбач.

Еве кои се дисциплини можеш да ги пробаш во спортскиот центар Будо: 👇

  • Функционален тренинг
  • Фитнес
  • Боречки вештини
  • Пилатес
  • Јога
  • Кардио

Имаш и опција за личен тренер кој максимално ќе се посвети да ги постигнеш посакуваните фитнес резултати.

Дополнително, по напорниот тренинг можеш да се релаксираш со масажа и финска сауна.

Спортскиот центар Будо може да се пофали со многу национални и интернационални успеси во боречките вештини и лиценцирани инструктори и судии (светски и европски). 🙌

ФитКит провајдер: Спортски центар Будо од Велес
ФитКит провајдер: Спортски центар Будо од Велес

Пандемијата беше уште еден тест кој успешно го положија.

Раде Стефановски, сопственик и тренер во Будо објаснува како центарот се прилагодува на новото “нормално” и прави вежбачите да доаѓаат на тренинг и да се чувствуваат безбедни. 🙏

ФитКит провајдер: Спортски центар Будо од Велес
ФитКит провајдер: Спортски центар Будо од Велес

Иако им понудиле онлајн часови преку платформата Zoom, како што вели Раде, физичкото присуство на тренинг и онлајн тренинзите се небо и земја. 😞

Дали вежбачите ќе имаат интернет, како ќе се наплатат часовите, дали ќе имаат доволно простор да вежбаат дома биле најголемите предизвици со кои што се соочиле како тим за време на онлајн часовите.

За да бидеш дел од тимот на Будо: 😎

  • Посети го нивното студио на улицата „Филип Втори” број 8 во Велес
  • Следи ги на Инста — @budoveles
  • Пиши им на Фејсбук -Sportski centar BUDO-Veles

Епа велешани, време е за акција! 🏃

FitKit logo
FitKit logo

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store