Разјаснување на поимите масти и мускулна маса

Image for post
Image for post

Не знам дали си забележал кога одиш на систематски една табела со бројки и криви линии за тоа колку треба да имаш килажа. Целта на таа табела е да донесе заклучок за твојата килажа. Во предвид се’ земаат висината, полот, возраста и тежината, а на крај резултатот може да биде дефицит килажа, нормално или прекумерна килажа. Она што оваа табела не го зема во предвид е составот на таа килажа, односно колку од тој број по состав е сало и колку мускулна маса.

Твоето тело можеш да го замислиш како двокомпонетно, односно составено од масно ткиво и од немасно ткиво. Масното ткиво понатаму може да се подели на два дела: есенцијални масти и складирани масти.

Есенцијални масти се всушност многу мала количина на масти кои се складирани во органите — срце, бели дробови, црн дроб, бубрези, црева итн. Исто така ги има и во мускулното ткиво, во ткивата во централниот нервен систем и во коскената срцевина. Се’ викаат есенцијални затоа што на телото му се потребни за да функционираат нормалните процеси, како што се термоизолација, апсорпцијата на стрес и продукција на енергија. Жените имаат повеќе есенцијални масти од мажите. Нивното тело треба да има повеќе масти за да се’ поддржи идната бременост и други хормонско-поврзани функции.

Складирани масти од друга страна пак служат за заштита и безбедност на внатрешните органи. Висцералните масти, или абдоминалните, и мастите кои лежат под површината на кожата служат да ги штитат органите, скелетот и да ја задржуваат топлината на телото. Прекумерна акумулација на висцерални масти е поврзана со различни срцеви или метаболички дисфункции, што е всушност една од причините зошто треба да се одржувааат во здрави граници.

Чиста немасна маса е едноставно се’ што не е масти. Оваа маса ги вклучува твоите коски, органи, мускули, лигаменти, тетиви и течности. Чистата маса и масната маса се напревени од два тотално различни типови на клетки и ткива, што е причина зошто мускул не може да се претвори во масти и обратно. Таа перцепција за мускулите обично се’ добива доколку престанеш да вежбаш. Доколку немаат товар и оптеретување можат да станат помали. Тоа ќе ги направи и мастите на површината по видливи. Но исто како што не можеш да конвертираш клетка од црн дроб во клетка од кожа истото не можеш ниту со мускулните и масните клетки.

Анализа на телесната композиција може да потврди дали се работи за некој дали е слаб или чист или дали е замастен или дебел. Оваа соочување со реалноста е потребно затоа што самата бројка на вага и самото тоа што некој ќе се задоволи со изгледот во облека пред огледало не значи дека не треба да превземе нешто.

На пример, сигурно сте забележале луѓе што имаат тенки раце, тенки нозе и мешенце. Тоа значи дека се слаби, но не и чисти. Или пак од другата страна две различни личности со слична висина, но со различен изглед, од проста причина што едниот веројатно внимава на исхрана и е физички активен додека другиот во обратна насока. Тоа значи дека нивниот телесен состав е дијаметрално различен.

Штом си стигнал овде претпоставувам дека си веќе свесен за фактот дека најдобрата форма и килажа се резултат на континуитет. Драго ми е што ќе можам да го потврдам истото и да ти потврдам дека добриот резултат не се гради со магичен производ, конкретна вежба или со формула со 3 чекори до успех.

Не постои вежба што ќе таргетира конкретен предел на масти, постои само вежба што ќе таргетира конкретна група на мускули, што подоцна може да даде ефект на намалени масти, но доколку сакаме да снема одреден дел на масти (околу стомак на пример), тогаш треба да се зафатиме со севкупното согорување и трошење на калории :).

Овде можеш да ја добиеш твојата бесплатна анализа.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store