Сања од Сонриса: Еден час вежбање во денот (макар и онлајн) те прави посреќен!

Image for post
Image for post

Онлајн часови по салса, регетон, зумба е начинот на кој што Сања Матеева од танцовиот клуб Сонриса веќе месец дена ги одржува своите вежбачи во топ форма. 💪

-Се плашев дали вежбачите ќе можат убаво да се извежбаат и дали ќе се чувствуваат исто како во сала. Но, тие се прилагодија одлично. Прв најголем предизвик ни е интернет конекцијата, доколку е слаба и им сецка. Но, сепак се снаоѓаме.

Со едночасовна занимација во текот на денот, вежбачите се чувствуваат многу посреќно и порасположено после часот, вели Сања, додавајќи дека најголемата предност ја имаат токму оние луѓе што не се локациски во Скопје кои ја имаат можноста да вежбаат со нејзе преку платформата Zoom.

Втор најголем предизвик — недостигот на интеракцијата во живо.

-Најголемиот предизвик ми е што не можам убаво да ги видам моите вежбачи, да ги поправам (сепак станува збор за танц), нема огледало за да може тие да се видат, различно е чувството кога се физички до мене во сала. Сепак, луѓето навистина ги сакаат моите часови, дури и кога се онлајн иако не е ист квалитетот на часот како во сала.

Додека ФитКит апликацијата го олеснува процесот на букирање онлајн часови кај Сања, таа ги користи Facebook и Instagram за да укаже на важноста дека инструкторите треба да се флексибилни на ситуацијата и да ја пронајдат најдобрата алтернатива во корист на вежбачите. 😎

-Во сегашната ситуација кога не можеме да ги одржуваме часовите во сала, онлајн тренинзите се одлична замена!

Ако те мотивиравме да одвоиш еден час во текот на денот и да се расположиш со талентираната Сања и нејзините онлајн часови по салса, регетон и зумба, посети го жолтото копче на танцовиот клуб Сонриса и букирај го твојот тренинг (ти требаат само 2 кредити). 😎

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store