Се комплетираше првата #фиткафана

Image for post
Image for post

Среда 18:30 - време за собир на многу различни луѓе во една кафана - фит кафана. Главна на менито е заедничката цел, да напредуваме. Докажавме дека прогресот не секогаш е напорна работа а уште помалку невозможна. Гостите се собираат, мерките се запишуваат... Неизвесност го демнее секој од нас. Се прашуваме кој ќе биде победникот за оваа недела додека Мими, Марче и Мони вешто калкулираат со цифрите. Низ смеа и дружба до едукација и напредок.

Image for post
Image for post

Не толку весел беше Андријано кој оваа недела гордо го превзема тронот за влошен резултат и казна од 50ден. За среќа насмевката на победникот Александар беше доволно голема за утеха на Андријано. Се надеваме дека аплаузот и фалбите кои ги доби нема да го наведат Аце да се опушти. Сепак, остануваат уште 3 недели и борба за конечниот победник, кој ли ќе биде тоа? Буџетот се поднаполни уште со некоја стотка од изостаноци што ја прави крајната победа се' послатка. Останува да видиме... #StayTunned

Овде пријави го своето учество за следната група и првата инфо кафана 😊

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store