Тимот на Ultimate Fit Alebras: Немаме време за страв, веднаш се фрламе во акција!

Ultimate Fit Alebras ФитКит провајдер
Ultimate Fit Alebras ФитКит провајдер

Дечките од Ultimate Fit Alebras се еден од ретките тимови кои што уште во првиот ден од воведувањето на карантин, почнаа со онлајн часови, не дозволувајќи ситуацијата да ги обесхрабри. 💪

Немавме време за страв и очекувања. Почнавме првиот ден од карантинот. Се покажа како одлична идеја. Сите имаа позитивни коментари во групите и на социјалните мрежи, ни пишуваа, препорачуваа нивни блиски, се јавуваа и прашуваа кога можат и тие да вежбаат онлајн. Секако, си треба многу знаење и креативност за да се стимулираат вежбачите да вежбаат од дома.

Сепак, да си ги прилагодиш фитнес активностите и да не останеш без клиенти за време на пандемија е вистински предизвик за секое студио. 😷

Тотал боди дисциплината помина супер, веднаш се прилагодивме. Кај вежбањето кросфит беше тешко, бидејќи сите знаевме дека може еден месец да се вежба без опрема, но не и повеќе месеци. Па, немавме друг избор освен да бараме плус други алтернативи како да заработуваме.

Но, посветениот тим на Ultimate Fit Alebras веднаш ја сврте топката во своја полза:

Не им дадовме на вежбачите многу простор да реагираат кога им кажавме дека студиото се затвора на неопределено време. Ги збунивме и уште првиот ден карантин ние им одржавме прв онлајн час. Користевме познати програми само со предизвикувачки тренинг од дома и сите беа воодушевени. Од тогаш, продолжија да ни се јавуваат нови луѓе за да ни се приклучат. 😎

Студиото ги отвори своите врати за вежбачите, но засега се вежба само на отворен простор.

Моментално сме на отворено и полесно течат работите. Има ред, ама не строго како за во сала. Во сала не сме почнале уште и сега ти правиме протоколите. Имаме огромна сала, ќе се мери просторот, ќе се обележува и ќе примаме вежбачи само онолку колку што е дозволено според протокол. Ќе се отвораат нови групи за секој што ќе сака да вежба, а ќе работиме и повеќе часови. Засега нема да има користење на соблекувални и тушеви, вработените ќе носат маски, после секое користење на опремата, ќе се прави дезинфекција. Бидејќи сме клуб каде се вежба по групи, нема да има можност да се менуваат групите, така да ќе мора секој да си биде во фиксна група (знаеме дека не им одговара ова, ама мора да биде така). 😞

Штом се отвори и салата, ова се двете дисциплини што можеш да ги вежбаш во студиото, а кои што ти гарантираме — целосно ќе ти го трансформираат телото: 👌

  • Total Body Workout
  • CrossFit

Според планираното, ова ќе биде процедурата кога некој ќе дојде да вежба во сала: 👇

Планираме да има список на влез за секоја група вежбачи, а вработен да го провери дали е баш во таа група во која доаѓа, а доколку не е да не се прима. Паралелно, да се мери температура и дезинфицира постојано. Вежбачот треба да дојде веќе облечен во спортска опрема од дома, да носи своја простирка и во студиото само со чисти патики. Секој ќе вежба на одредена обележана површина на која ќе има средство за да ја дезинфицира после користење. Има реквизити што нема да може да се употребуваат додека трае оваа ситуација. При размена на група нема мешање, па од 4 работни саати навечер во сала, сега ќе работиме 8 😂.

Инаку, студиото на Ultimate Fit Alebras ќе го најдеш на улицата „Христо Татарчев” во општина Кисела Вода во Скопје веднаш спроти продавницата за мебел „Design of fantasy”.

За сите новости или информации околу распоредот за вежбање, следи ги на Инста (@ultimatefitalebras) и Фејсбук (Ultimatefit Alebras).

Од студиото велат дека за оние вежбачи кои се скептици за влегување во сала, паралелно, ќе се организираат и онлајн часови. 😍

Бидете одговорни и да не бидете себични ако сакате да не го затвориме студиото! Од вас зависи!

Епа дечки, станувајте од каучот и се гледаме под отворено небо! 🌞

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store