ФитКит инспирација: Цецe Василева од Струмица
ФитКит инспирација: Цецe Василева од Струмица

Цеца од Струмицa: Било каков тренинг е подобар од тоа воопшто да не вежбаш!

ФитКит инспирација: Цеца Василева од Струмица

Почнала да вежба аеробик на 14 години, а за теретана се заинтересирала во последниве неколку години. Најпрво ова за неа билa активност за да си го пополни слободното време, но потоа станала зависна од чувството на среќа и позитивната енергија што ја добивала по секоја посета на теретаната.

Денес, фитнесот е нејзиниот начин на живеење!

👋Запознај ја Цеца Василева (Цеци) од Струмица, нашата ФитКит инспирација на неделата.

Цеца ќе ја најдеш како вежба во фитнес студиото на хотел Парк и Гранд Плаза скоцкана во спортската облека на Gymshark.

Облеката за вежбање ми е омилена. Ги обожавам парчињата на Gymshark и претежно ги носам нив. Удобни се, дополнително ме мотивираат и естетски изгледаат предобро. 😎

Фитнес инспирацијата на Цеца е Katrina (@collegecleaneating) бидејќи шири позитивна енергија, зборува за менталното здравје и секогаш е природна и своја. Од неа има и многу научено за тоа како правилно да ги изведува вежбите. 👌

За време на тренинг најчесто слуша латино музика која што ѝ помага уште подобро да ги изведува нејзините омилени вежби — Stiff-Leg Deadlift и Side squats со ластик за вежбање.

ФитКит инспирација: Цецe Василева од Струмица
ФитКит инспирација: Цецe Василева од Струмица

Eве како изгледа неделната фитнес рутина на Цеца што и помага секогаш да биде во топ форма: 👇

Вежбам 4 пати во неделата, но секогаш во различно време зависно од обврските. Еден мој тренинг трае од еден до еденипол час. Започнувам со јога вежби за истегнување, продолжувам со вежби за загревање на мускулната група што планирам да ја вежбам, па преминувам на тежинскиот дел од тренингот. Обожавам да вежбам и преферирам да немам никакви обврски после тренингот за да извежбам онолку колку што ми е потребно.

Дали ќе вежба сама или со партнер зависи како е расположена тој ден. Понекогаш сака да се фокусира за да издржи напорен тренинг, а понекогаш вежба со партнер за дополнителна мотивација.

Сепак, нејзината најголема мотивација е ЗДРАВЈЕТО! 🙌

Колку повеќе се грижиме за своето тело, толку повеќе си помагаме на самите себе. А секако освен здравјето, важно ми е и тоа како сакам да изгледам. Мислам дека луѓето понекогаш не се свесни за последиците кога не си физички активен. Истовремено не бараат помош кога не ги постигнуваат посакуваните резултати.

За време на карантинот ѝ спласнала мотивацијата да вежба во домашни услови, но решила да не си го оправдува однесувањето со изговори. 😷

Од моја перспектива ова беше само уште еден предизвик кој мораше да го поминам успешно. Било каков тренинг е подобар од тоа воопшто да не вежбаш. Моите цели зависат најмногу од тежинските тренинзи. Сепак презадоволна сум од тоа колку малку намалив на мускулна маса. Уште еднаш се докажа дека добрата исхрана е клучна во оформување и оддржување на телото.

Додека напорно работи да ја оствари нејзината фитнес цел — да качи мускулна маса, луѓето често ѝ го поставувале следново прашање: “Како може да качиш килажа со вежбање, а да ослабнеш кога не вежбаш?😂

ФитКит инспирација: Цецe Василева од Струмица
ФитКит инспирација: Цецe Василева од Струмица

Не користи никакви суплементи затоа што верува дека ќе го постигне посакуваното без такви додатоци во исхраната.

Никогаш не би исфрлила тестенини од исхраната, а чипсот е нејзиното guilty pleasure. 👀

Спортот е здравје. Ако спортуваш евентуално ќе ја промениш и исхраната. Сето тоа ќе придонесе кон личен развој. Секој напредок (мал или голем) е успех кој ќе те направи посилен и посамоуверен, карактерни особини кои ќе ти помогнат да живееш ПОСРЕЌЕН живот. Јас би препорачала да побараат помош од пријател кој спортува и да читаат за да се информираат! Да се запознаат себе си испробувајќи повеќе работи се додека не утврдат што функционира, а што не. Поклонете си среќа! 🥰🥰

Според Цеца, ФитКит е алатката која ќе ти помогне да го направиш првиот чекор кон спортот или за оние што се веќе активни, да воведе динамика променувајќи го секојдневниот тренинг со искористување на најразличните понуди, кои претходно можеби не биле достапни.

Покрај вежбањето, Цеца се фокусира да ги заврши студиите на Технолошко-Металуршкиот факултет, а нејзина следна станица е академијата за Web developing. 💻

Во слободно време обожава да чита книги, гледа документарци, учи јазици на Duolingo, и секако, да се дружи со пријателите.

Ако ти се допадна приказната на Цеца, заследи ја на Инста @ceccil_ia.

Порано работела како стујардеса, па ќе најдеш многу интересни фотографии од нејзините патувања низ светот.

P.S. She is in love! 💑

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store