Што ти се случува со телото ако пропуштиш тренинг?

Image for post
Image for post

Се успа и го пропушти утринскиот тренинг? Сакаше да пиеш кафе со другарка ти после работа и заборави дека треба да вежбаш? Ништо страшно. Секому може да му се случи. Дури и се препорачува да си земеш ден за да одмориш од било какви фитнес активности. Тоа ќе ти го рехабилитира телото и ќе ти помогне во градењето на мускулна маса.

Но, што се случува со твоето тело доколку пропуштиш повеќе од еден тренинг? Што ако не вежбаш месец дена? Што ако апстинираш повеќе од година?

3 дена

Нема да приметиш никакви промени однадвор, но твоето тело полека ќе започне внатрешно да се менува. Телото сфаќа дека треба да го надополни недостигот од мускулни влакна па ќе ги направи потребните промени за да го зачува мускулот. Нема да качиш килограм плус, освен ако не претераш со јадење.

10 дена

Физичкиот облик на мускулот полека почнува да ти се менува (олабавува). Твоето тело не е толку цврсто како по последниот тренинг.

2 седмици

Ова е почетокот на губење на мускулна маса, но тоа не значи дека ќе ја загубиш и силата. Можеш да се вратиш на тренинг и твоето тело повторно ќе биде силно како и претходно.

4 седмици

Полесно ќе се уморуваш при секојдневни активности и почесто ќе го губиш здивот при следното вежбање.

6 седмици

Ќе се чувствуваш многу поисцрпено кога повторно ќе почнеш да вежбаш. Вежбите што си ги правел со леснотија, сега ќе ти претставуваат предизвик.

Половина година

Силата драстично ќе ти опадне. Вежбите ќе ти бидат многу потешки. Голема е веројатноста дека си качил/a некој килограм плус.

2 години

Физичката активност ќе ти претставува предизвик, но тоа не значи дека треба да се откажеш. :)

Image for post
Image for post

Се пронајде во листата? Немај гајле! Добрата вест е дека човечкото тело поседува мускулна меморија. Ова значи дека колку тренинзи и да си пропуштил, твоето тело многу бргу ќе се адаптира на физичката активност. А за најдобри резултати откако ќе се вратиш во сала, експертите советуваат да се комбинираат различни дисциплини.

Најдобриот начин да фатиш “down hill” со активниот живот е да не го гледаш како приоритет. Многу луѓе ќе го стават вежбањето во распоред, но доколку се појави предлог за некаков состанок, кафе или ручек веднаш ќе го заменат затоа што во моментов тоа е “поважно”. Никој не мора да знае зошто си зафатен и не го давај тоа време никому, твое е и ти ја имаш контролата врз него!

Друг проблем знаат да бидат фиксните термини како на пример: имам вежбање во Понеделник, Среда и Петок во 18:00. Немаш голема флексибилност, па мало заостанување на работа или некаква приватна неодложна работа те вади од континуитет. За ова имаме одличен “антибиотик” и се вика Фиткит .

Image for post
Image for post

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. :)

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store