10 фитнес навики на оскаровците што можете да ги копирате

Гламурозните фустани, елегантните костуми шиени по мерка и совршено обликуваните тела ќе бидат дел и од годинашното 92-то доделување на филмските награди — Оскар. Додека одбројуваме ситно до најпрестижните филмски награди во светот, дознајте кои се фитнес навиките на номинираните актери за оскар во главна женска и машка улога.

Фитнес навиките на номинираните актери за најдобра женска улога

Синтија Ериво („Хариет“)

Синтија е вљубеник во трчањето уште од мали нозе. „You should stay fit for the job, not let the job make you fit” е нејзината животна филозофија. Нејзиниот неделен распоред изгледа вака: Во понеделник трча 10 километри, во вторник оди во теретана и вежба за издржливост, во среда вежба за да ги зацврсти нозете, во четврток повторно вежба кардио, во петок го тренира горниот дел од телото, а викендите се резервирани за трчање во природа.

Скарлет Јохансон („Брачна приказна“)

Скарлет Јохансон вели дека вежбањето е нејзината рутина исто како што и е и четкањето заби. Таа тренира пет пати неделно во времетраење од еден час. Тренинзите и почнуваат во 6 часот наутро а се состојат од кардио вежби со влечење, скокови и пречки за да ја задржат нејзината еластична фигура.

Серше Ронан („Мали жени“)

Прогласена за една од најзгодните актерки во Холивуд, Серше ја одржува својата фигура вежбајќи 5 дена во неделата. Нејзиниот тренинг е комбинација од кардио вежби за издржливост што ги прави на почетокот и на крајот на тренингот во времетраење од 30 минути и следниве вежби за обликување на телото што ги прави по 4 сета и 20 повторувања: Dumbbell Bench Pres, Seated Shoulder Press, Bicep curls into O/H press, Dumbbell Tap Squats, Jump squats, Upper Body Crunches, Mountain climbers.

Шарлиз Терон („Тие се бомби“)

charlize theron in workout gear
charlize theron in workout gear
CelebMafia

Тенисот е тајната зад одличното тело на Шарлиз Терон. Оваа дисциплина и помага да согорува калории, да ги зајакне коските, да ја подобри флексибилноста на телото, а исто така е добра и за срцето. Дополнително, два пати неделно вежба јога по 90 минути.

Рене Зелвегер („Џуди“)

renee zellweger
renee zellweger

13 километри трчање и по 20 минути „Power јога” дневно. Вака Рене Зелвегер ги топи вишокот килограми по јо-јо ефектот што го имаше по екстремното зголемување и намалување на телесната тежина за потребите на нејзините филмови.

Фитнес навиките на номинираните актери за најдобра машка улога

Антонио Бандерас („Болка и слава“)

Antoniot Banderas runs
Antoniot Banderas runs
Daily Mail

Актерот вели дека срцевиот удар пред 3 години бил пресвртната точка во неговиот живот. Токму тоа го натерало да сфати дека треба да се фокусира на здравите навики. Една од нив е и танцувањето салса 3 пати во неделата.

Леонардо ДиКаприо („Беше еднаш во Холивуд“)

Како еден од најзгодните оскаровци, Леонардо обожува планинарење. Секогаш кога не снима филм, оди во планина и истражува места речиси недопрени од човековата рака. А за потребите на улогите, вежба во теретана по неколку часа дневно.

Адам Драјвер („Брачна приказна“)

Adam Driver
Adam Driver
Just Jared

Адам не може да се вброи помеѓу фитнес ентузијастите. Избегнува да вежба, освен кога улогата не му го наметнува тоа.

Хоакин Феникс („Џокер“)

Joaquin Phoneix
Joaquin Phoneix
Daily Mail

За да ја долови улогата во Џокер, Хоакин требаше да изгуби 23 килограми. За повторно да се врати на својата нормална тежина, тој се фокусира на билдање на мускулната маса поминувајќи по 2 часа во теретана неколку пати во неделата во комбинација со боречки вештини.

Џонатан Прајс („Двајца папи“)

Некогаш екстремно физички активен, сега актерот ја одржува својата виталност и на 72-годишна возраст со секојдневно утринско џогирање во времетраење од 30 минути.

Иако главна протагонистка во документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова не знаеме дали има рутина за вежбање во сала или на отворено, сепак нејзиниот труд и те како троши калории. Но, уште повеќе од самите потрошени калории, оваа приказна не` инспирираше да позастанеме во оваа наше брзо живеење, да размислиме за начинот на живот и нашите навики и промената да ја почнеме од нас самите.

Во моментов само ќе стискаме палци за македонскиот документарен филм номиниран во две категории за Оскар: најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм. Потоа може да и предложиме на Атиџе да стиска палци на термини за вежбање со ФитКит :).

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. :)

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store