5 ефикасни начини да согоруваш масти побрзо

Image for post
Image for post

Мастите се резрвоар за енергија на нашето тело, а многу често и најголемиот страв за изгледот. Сигурно си сретнал статија или некаков производ што промовира лесен или скратен пат до подобро тело и помалку масти. Супер звучи, но вистината е дека не постои магично стапче што ќе ти го овозможи тоа, туку постои подобро планирање и организирање на некои активности што ќе ти донесат поволни резултати.

Постојат безброј начини како може да бидете активни, да се храните малку поквалитетно и да се хидрирате во доволни количини. Еве што би издвоил како начин да го забрзаш согорувањето на масти:

Барем еднаш неделно направи време за подолги кардио сесии од 60 до 90 минути. Подолгите тренинзи ќе осигураат повеќе и подолго трошење на резервите енергија (салото). И уште повеќе гледај да го задржиш високиот интензитет на откуцаи на срцето на што подолго ниво, а тоа пресметај го по формулата (220-твоите години) * 0,7 . Колку си почесто и поблизу до таа бројка толку повеќе си сигурен дека согоруваш повеќе масти.

Една работа што ја сакам за интервалните тренинзи или по ново функционални е тоа што за кратко време се обезбедува трошење на многу калории и тоа што тоа согорување на калории продолжува и после тренингот. Она што се случува во телото е трошење на резервите на гликоза и гликоген, а во процесот на регенерација како извор на енергија ќе се трошат мастите. Пробај да го имаш и ова во текот на неделата еднаш до два пати.

Градење на мускулна маса е најдобра долгорочна стратегија за согорување масти. Мускулното ткиво согорува многу повеќе калории од масното. Исто така вежбањата со тежини обезбедуваат согорување на калории и после тренингот затоа што телото троши енергија за да ги регенрира оштетените мускулни влакна.

Вежбањето е рутина што доколку ја воведеш во континуитет има безброј бенефити врз телото, но немој да заборавиш дека најголем удел во регенерацијата и процесите во телото има горивото што го носиш преку уста. Обезбедувај доволно протеин 30тина минути пред вежбање, особено пред оние подолги сесии и не заборавај да имаш правилен регенерациски оброк после вежбање.

Ако вежбаш 5 пати неделно, 2 дена одмор се одлична идеа. Му даваш време на телото да се навикнува и адаптира на новите стандарди и рутини. Исто така најголемото регенерирање и создавање на мускулна маса се случува додека спиеме затоа не заборавај да имаш 6–8 часа ноќно спиење секој ден.

-Јосиф

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store