5 маркетинг совети за јога тренери што ќе те издвојат од конкурентите

Photo credits: @domenicoloia

Практикувањето јога се покажа како многу моќна алатка за време на пандемијата. Оваа дисциплина им помогна на многу практиканти да се справат со притисокот од социјалната дистанца и да ги пронајдат балансот и мирот во себе. 🙏

Пандемијата ја направи јогата уште попопуларна за вежбање, а тренерите се побарани.

Без разлика дали си долгогодишен учител по јога, допрва отвораш студио за јога, снимаш онлајн часови, или тоа ти е во план да го сториш во текот на годинава, успехот на твоето студио и ти како учител ќе зависи тоа како ќе се промовираш.

Еве неколку совети кои ќе ти ти завршат работа: 👇

Постави ги темелите на твоето работење

Ова се некои прашања што треба да ги размислиш за да поставиш цврста основа за твојата маркетинг стратегија:

❓Дали ќе имаш веб страница? Како ќе изгледа таа?

❓Дали ќе имаш фитнес блог?

❓Каква содржина ќе креираш и на кои социјални медиуми ќе ја постираш?

❓Дали ќе ангажираш фриленсери или сам ќе си пишуваш и дизајнираш објави?

❓Ќе користиш ли алатки за организирање на работата и постирање на социјалните мрежи?

Вложи во уникатна веб страница

Тренерите кои што имаат свои веб страници се сметаат за пропрофесионални. Повеќе не е доволно само да објавуваш на социјалните мрежи. Вложи во професионална веб страница каде што вежбачите ќе можат подлабоко да се поврзат со она што ти го работиш.

Радица Балеска, јога инструктор и дигитален маркетинг ентузијаст
Радица Балеска, јога инструктор и дигитален маркетинг ентузијаст

Еве што те советува Радица Балеска, јога инструктор и дигитален маркетинг ентузијаст:

Еве некои основни елементи што треба да ги има на твојот вебсајт:

✔️ Информации за твоите јога тренинзи

✔️ Информации за тебе како тренер

✔️ Препораки од клиенти

✔️ Едукативен блог

✔️ Видеа и слики од твоите часови

Можеш да ангажираш професионалец за да ја направи веб-страница или да користиш едноставни веб билдери како:

Колку повеќе едукативна содржина, толку подобро

Добро е постојано да постираш слики од тебе и твоите часови. Но, на тој начин баш и нема многу да се истакнеш од другите јога учители.

Она што може да ти ја засили стратегијата е креирање едукативна содржина што ќе му донесе вредност на секој што ќе ја види и прочита.

Еве некои видови содржини што треба да ги вклучиш:

✔️Едукативни блогови

✔️Видеа што покажуваат како да направиш некоја асана

✔️Слики со цитати и препораки

✔️Инфографици

✔️Билтени што ќе ги праќаш по мејл

✔️Подкасти каде што ќе поканиш гости

✔️Квизови и анкети

Ова се неколку едноставни алатки што може да ги искористиш за создавање содржина:

Биди многу активен/a на социјалните

Facebook, Instagram, Snapchat, LinkedIn? Каде и да ти е целната група, таму насочи си го трудот.

Радица Балеска, јога инструктор и дигитален маркетинг ентузијаст
Радица Балеска, јога инструктор и дигитален маркетинг ентузијаст

Притоа, не заборавај да го корисиш хаштагови за поголема видливост.

Моментално ова се најпопуларните јога хаштагови што треба да ги вклучиш речиси во секоја објава:

#yogi

#meditation

#namaste

#mudra

#health

#yogachallenge

Алатки што ќе ти ја олеснат работата за креирање објави и нивна дистрибуција низ социјалните мрежи се следниве:

✅ Оптимизирај го вебсајтот за пребарување

Освен по препораки, потенцијалните вежбачи најчесто ќе те најдат на Google, пребарувајќи јога студиа.

Како да се осигураш дека ќе се прикажеш прв на листата?

При креирање на текстот за веб сајтот, додавај што е можно повеќе клучни зборови и содржина поврзани со јога. На овој начин за самиот пребарувач ќе примети дека твојот веб-сајт е експерт за оваа тема и ќе те рангира највисоко. 👌

За подобар резултат, може да креираш и платени Google реклами. 💰

Без разлика колку долго си во оваа индустрија, за се си треба време. Најважно е да бидеш конзистентен/а во она што го работиш, постојано да воведуваш нови идеи и најважно — да размислуваш ‘’надвор од кутијата’’. 💭

ФитКит лого

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, сега и во online вежбалните низ целата држава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store