5 фитнес навики за 2020 за да го обликуваш телото од соништата

Си качил некој килограм плус за празниците? Ја изгуби рутината за вежбање? Си вети дека од 2020 почесто ќе ја посетуваш теретаната? Како и да е, намерата повторно да се вратиш во форма е за пофалба.

Image for post
Image for post

Како одлична основа пред да почнеш е да воведеш неколку корисни навики што ќе ти помогнат полесно да ја постигнеш твојата фитнес цел. Ова значи и дека треба да кажеш збогум на оние навики што повеќе не ти користат.

Ова се 5-те клучни фитнес навики што треба да ги присвоиш во 2020 година.

1.Креирај го твојот распоред и остани доследен на рутината

Ако сакаш видливи резултати од вежбањето, конзистентноста е твојот најдобар пријател. Истата почнува во моментот кога ќе си закажеш тренинзи и ќе се придржуваш да ги посетиш истите. Зборовите претвори ги во акција. Наместо да си ветуваш дека од следна недела ќе почнеш да вежбаш, закажи си тренинг уште денеска на место и во време што најмногу ти одговараат. Придржувај се до рутината за вежбање и здравата исхрана и ти ветуваме дека ќе ги видиш придобивките за помалку од неколку месеци.

2.Планирај го тренингот пред да одиш да вежбаш

Ако стоиш среде теретана и размислуваш која справа да ја пробаш следно или си во спа и не знаеш дали да почнеш со сауна или со парна бања, не само што трошиш дрaгоцено време во размислување, туку го правиш твојот тренинг/релаксација помалку ефикасна.

Како да го избегнеш ова? Откако ќе резервираш некоја активност, подготви си план за вежбање во согласност со резултатите што сакаш да ги постигнеш. Не само што твојот тренинг ќе стане поефективен, туку водејќи се според листата, ќе го надминеш искушението да прескокнеш неколку од вежбите што претходно си ги запишал.

3.Направи го загревањето приоритет

Нема ништо полесно од тоа да преминеш да вежбаш без да си го загрееш телото. На твоите мускули им треба загревање, бидејќи само на тој начин срцето ќе почне поинтензивно да пумпа крв, а тоа ќе ги подготви твоите мускули за кислородот што ќе го прими секоја твоја клетка. Дополнително, една од најголемите придобивки на загревањето е тоа што го намалува ризикот од повреди при вежбање. Мускулите и лигаментите се поеластични кога се загреани. Ова значи и многу помали шанси да истегнеш некој мускул или лигамент при вежбање.

4.Пробај различни дисциплини на вежбање

Одлично е доколку долги години ја практикуваш истата дисциплина. Браво за доследноста! Но, овде има една фитнес замка. Доколку вежбањето ти стане лесно, понекогаш дури и досадно, тоа е знак дека треба да почнеш нешто ново.

Те охрабруваме да и дадеш шанса на друга дисциплина барем еднаш во неделата. Којзнае, може новата активност ќе ти се допадне повеќе отколку што очекуваш. :)

5.Престани да вежбаш нешто што не ти е по желба

Не ти се допаѓа да возиш велосипед, ама го правиш тоа затоа што твојот цимер те замолил. Сакаш да вежбаш кардио, ама другарка ти нема партнер за јога, па и правиш друштво. Секако дека е важно да бидеш овде за пријателите, но не и по цена да ја занемариш активноста што отсекогаш ти се допаѓала.

Предизвикај го пријателот да ја проба твојата омилена дисциплина. Не мора да плаќате чланарина за цел месец. Доволни се само неколку ФитКит кредити за да пробате дали тоа ќе биде вашата идна заедничка активност или не.

Не заборавај, најдоброто време да започнеш со твојата фитнес трансформација е токму сега!

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. :)

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store