Квалитетно вложено време во своето здравје, подобра концентрација, поголема енергија, подобра работа на кардиоваскуларниот систем, намалување на вишок телесни масти, тонзирани мускули, поголема кондиција, координација и здраво фит тело.
Ова се само дел од придобивките што ќе ги добиеш од Total Body Workout програмата на Елена Бубало Михајловска. 👌
Станува збор за интервални тренизни, каде што секој час е различен, со различно темпо, различен интервал, различен ритам, комбинации и повторувања. Еден саат склопени вежби и комбинации во кој доколку се фокусираш и дадеш максимум од себе, ќе се извежба цело тело. …
Здравјето стана топ тема по појавата на КОВИД-19 вирусот. 2020 година беше период кога многумина кои никогаш не биле активни, почнаа да ја воведуваат физичката активност во своето секојдневние за да останат во добро здравје.
Голем дел од вежбачите што редовно ги гледаше во сала, мораа да се потпрат на технологијата за да продолжат со својата фитнес рутина и да останат активни. А како што стојат работите, 2021 ќе биде дежаву на претходната.😷
Пандемијата целосно ја трансформираше фитнес и велнес индустријата, a вежбачите полека го прифатија новиот начин на онлајн тренинзи.
Еве топ 5 трендови кои не смееш да ги игнорираш во 2021 година ако сакаш да бидеш успешен фитнес тренер и привлечеш нови клиенти…
Дали наутро тешко стануваш од кревет и ти е мачна самата помисла дека мора да почнеш со работа?
Дали превртуваш со очи на празничните филмови бидејќи те нервира онаа нереална слика за животот што ја прикажуваат?
Дали ги одбиваш поканите за дружење бидејќи единственото нешто што сакаш да го правиш е да лежиш во кревет и да гледаш Нетфликс по цели денови? 😟
Не си единствен/а! Пост празнична депресија може да му се случи секому и тоа е сосема во ред. Но тоа не значи дека треба да се помириш со ‘’мизеријата’’.
Веќе пишувавме за 10 начини како вежбањето може да ти помогне да ја победиш пост празничната депресија. …
Пилатесот ѝ бил љубов на прв тренинг, a денес таа е еден од најдобрите пилатес тренери во земјава, со многу задоволни вежбачи кои со нетрпение го очекуваат секој нареден тренинг. 😎
Запознај ја Ивана Каратукова, еден од нашите FitKit Plus инструктори. 👋 Ивана ги води тренинзите по Power Pilates кои се идеални за секој вежбач — од почетници, па се до вежбачи со искуство.
Power Pilates програмата е концепт креиран да одговара за секој вежбач. Покрај физичките резултати кои се видливи по само 12 тренинзи, вежбачите ќе имаат повеќе енергија, ќе ја подобрат здравствената состојба и ќе имаат чувство на исполнетост и поголема самодоверба. Долгорочно редовното вежбање Power Pilates ќе им стане дел од секојдневието поради бенефитите од психофизичката исполнетост. …
По веселата, луда атмосфера и еуфорија која владее за време на празниците, собирање на семејството, многу храна, алкохол, веселби и “шопинг треска” се појавува феноменот на празнична (Божиќна) депресија. Станува збор за состојба која може да трае од неколку дена, па и до неколку седмици.
Како ќе препознаеш дека имаш пост празнична депресија?
Ако после новогодишната и божиќна еуфорија имаш зголемено ниво на стрес, интензивно чувство на незадоволство, тажен/на си без причина. 😔
Најизложени на оваа состојба се оние личности кои не се чувствуваат задоволно од својот живот и сето она што го постигнале, осамени се, неодамна раскинале со дечкото или девојката, изгубиле блиска личност, живеат во странство далеку од своите блиски, но и оние кои забушаваат со вежбање. …
Последниов период, пандемијата ни покажа дека треба да посветуваме повеќе внимание на активниот живот и исфрлање на стресот и негативната енергија од нашиот организам.
Еден од најдобрите начини за постигнување на ова се боречките вештини како кик бокс и маи таи. 👌
Боречките спортови ќе те научат дека не постојат тешки и несовладливи противници, туку само вешти и помалку вешти борци. Тие ќе ти ја зголемат самодовербата и ќе те научат на почитување и верба во сопствените вештини. 🙏
Дополнително, ќе ти помагнат при тонирање на целото тело, затегнување на рацете и нозете, мускулите на задникот, губење на вишокот килограми и правилно обликување на телото. …
Стомак или задник? Повеќе не мораш да избираш затоа што можеш да ги таргетираш сите мускулни групи со само една справа — пилатес справата Реформер.
Вежбањето на Реформер претставува најцелисходен и најефикасен тренинг на денешницата, а оваа дициплина можеш да ја пробаш во студиото на Body & Beyond. 👈
Станува збор за пилатес справа која се состои од подвижна платформа и повеќе федери со различно ниво на отпор. …
Модерен објект, опремен со стил, современи финтес справи и стотици задоволни клиенти.
Со ова може да се пофали скопското студио Star Gym кое што веќе речиси две години покажува како треба да изгледа и функционира еден фитнес центар. 👌
Иако не успеале да им понудат онлајн часови на вежбачите поради малиот интерес за вежбање од дома, 😷 сепак почекале да се смири ситуацијата, за повторно да ја отворат салата со запазување на сите здравствени протоколи.
Лимитираната бројка на клиенти и потребата за закажување термин пред да се дојде на тренинг, се се уште најголемите предизвици за тимот на Star Gym.
Под мотото Не мора да бидеш добар за да почнеш, но мора да почнеш за да бидеш добар, спортскиот центар Будо од Велес, повторно се враќа во игра, помотивирани за вежбање од кога и да било порано. 💪
Оваа е едно од ретките студија кои што веќе 15 години докажуваат дека се едно од најквалитетните фитнес центри што нудат широка лепеза на дисциплини по мерка на секој вежбач.
Еве кои се дисциплини можеш да ги пробаш во спортскиот центар Будо: 👇
Имаш и опција за личен тренер кој максимално ќе се посвети да ги постигнеш посакуваните фитнес резултати. …
Во текстот од минатата недела позборувавме за причините поради кои членовите и вежбачите остануваат или си одат и направивме опсервација на трите различни типови на вежбачи за кои што можеби како тренер не беше свесен/на. Како и да е, јасно ти е и на тебе и на нас дека пандемијава ни даде на знаење дека луѓето остануваат покрај тебе доколку имаш вистински интерес и искрена намера да им помогнеш.
Без разлика што ќе се случува во иднина, следните 5 точки ќе важат секогаш.
1.Имај јасна слика за тоа кој/а си ти
Живееме во време на голема бучава. Консумираме по 100-тици информации, слики и видеа на ден. Дополнително сме бомбардирани со реклами и со лажни вести. Се’ ова кај многумина создава пречки за тишина и можност да ги погледнат своите вистински вредности. Можеби звучи лудо да го читаш ова на блог за фитнес, но сепак се’ работи за нешто што важи за секоја личност и за секој бизнис. …
About