Fitness Clinic: Инвестирајте во себе барем 1 час дневно!

Image for post
Image for post

Ако некогаш патот те води накај скопско Влае, ти предлагаме да го посетиш студиото Fitness Clinic, лоцирано во срцето на населбата.

Fitness Clinic е едено од оние места каде што постојано се воведуваат нови стандарди од областа на фитнесот.

Студиото е наменето за луѓе со активен животен стил кои што сакаат во позитивна атмосфера да ја обноват својата енергија, да ги зацврстат кардиоваскуларниот систем, мускулен тонус и целокупната психофизичка кондиција.

Современи услови за фитнес и кардио тренинг во добро уреден простор, беспрекорна чистота и квалитетна услуга, се само дел од карактеристиките на Fitness Clinic.

-Фокусот е ставен на квалитетот на услугата и високото ниво на хигиена во рамки на студиото. За редовните вежбачи има симболичен попуст за дополнително да ги мотивираме, вели Дарко Ангелески, личен тренер во Fitness Clinic.

Како вежбач, постојано ќе имаш на рсполагање тим на тренери за демонстрација на вежбите, совети за исхрана и за здрав живот, а секогаш ќе ја имаш и опцијата за личен тренер.

Задоволните клиенти се само мотивација плус за уште повеќе да се инвестира во студиото. Затоа, наскоро вежбачите на Fitness Clinic ќе уживаат во поголем простор со уште повеќе справи, вели Дарко.

Доколку те мотивиравме да му се придружиш на тимот на Fitness Clinic, можеш да го посетиш нивното фитнес студио што се наоѓа на улица „Франц Пешерн” број 1б, во населбата Влае во Скопје.

За да бидеш во тек сите новости на Fitness Clinic, следи ги на следниве социјални мрежи:

Instagram: @fitness_clinic_vlae

Facebook: https://www.facebook.com/fitnessclinicskopje/

Fitness Clinic е уште еден член на ФитКит фамилијата.

ФитКит e апликација која ти овозможува да вежбаш кога сакаш и каде сакаш, во над 150 локации во земјава.

Апликацијата е достапна на PlayStore и AppStore.

Симни ја, закажи си термин, посети некоја од нашите локации и пиши ни како си поминал/а. :)

Written by

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store