FitKit Plus Prenatal yoga програма на Мартина Димитров
FitKit Plus Prenatal yoga програма на Мартина Димитров

Јогата е дел од нејзиниот живот веќе неколку години, a практиката ѝ помогнала да изгради врска помеѓу телото, умот и дишењето. 🧘

Со намера да ја продлабочи својата лична пракса, одлучува да стане сертифициран јога инструктор во областа на hatha и prenatal yoga.

Запознај ја Мартина Димитров, наш FitKit Plus тренер што ја води програмата Prenatal yoga. 👋

Кога започнав со практикување јога, веднаш се вљубив во бавното движење на телото, останувањето во положба подолго време, кое придонесува за смиреност и опуштање. Се чувствувам прекрасно додека практикувам јога, бидејќи можам да се движам во свој ритам. …


https://www.facebook.com/MarioFitnet

Ако редовно вежбаш, но се уште не можеш да забележиш видливи резултати, можеби е време да се преиспиташ зошто е тоа така? 🤔

Дали некаде грешиш при фитнес рутината, или, пак не си ги мериш резултатите соодветно?

Можеби си само нестрплив/а и сакаш да постигнеш резултати преку ноќ?

Телото не фунционира така. 🤦‍♂️

Марио Јовановски кој работи како личен тренер ни објаснува од што најчесто зависат видливите резултати од вежбањето:

  1. Исхраната 🍝

Kоја и да е нашата цел, храната МОРА да ни биде во склад со истата. Секако, подобро е да сме активни отколку да не сме воопшто дури и…


FitKit Plus Основи за инверзија и Основи за баланс програми на Слободан Стојчевски
FitKit Plus Основи за инверзија и Основи за баланс програми на Слободан Стојчевски

Неговиот другар го “натерал” да почне со вежбање иако тој бил скептик за оваа идеја и се срамел од своето тело. 😳

Денес, тој е благодарен што го послушал својот другар затоа што веќе 5 години сведочи за позитивните промени што вежбањето ги има врз неговото тело и сака да им помогне на сите оние што им треба помош и имаат желба да научат.

Запознај го Слободан Стојчевски (Боки), наш FitKit Plus тренер што ги води програмите Основи за инверзија и Основи за баланс.👋

Првата година вежбав типичен бодибилдинг. После тоа видов атлети кои доминираат со своето тело, изведуваат движење…


FitKit Plus Фејм Фит програма на Рита Конзулова
FitKit Plus Фејм Фит програма на Рита Конзулова

Пред скоро една деценија си отвори свое пилатес студио, место каде што многу вежбачи стануваат се позадоволни од себе, а таа помотивирана за работа токму во овој правец.

Веќе 9 години е успешен амбасадор на здравиот и активен начин на живот. 💪

Запознај ја Рита Конзулова, наш FitKit Plus тренер што ја води програмата Фејм Фит. 👋

Фејм Фит програмата е наменета за секој кој сака да искуси нешто ново и нема старосна граница бидејќи резултатите се видливи кај секого.

Секој нареден тренинг е различен, има голем спектар на вежби кои не се повторуваат и телото секогаш учи нови движења.


Драгана од Fierce Fitness
Драгана од Fierce Fitness
Photo: FierceFitnessSkopje on Facebook

Дали твоите вежбачи “пропаднаа во земја” со почетокот на пандемијата? 😤

Дали се уште истите луѓе ти доаѓаат на часови без разлика дали се тоа онлајн часови или во сала?

Ако голем број вежбачи ти “избегаа” во друго студио или едноставно ти треба инспирација како да ги мотивираш вежбачите да ти бидат лојални, овој текст е за тебе.

Пред да преминеме на решенијата, Драгана од Fierce Fitness ни објаснува кои се најголемите предизвици за одржување на редовно и лојано членство за време на пандемија. 😷

Најголемиот предизвик е одржување на безбедноста на сите членови за време на тренингот. Редовната дезинфекција…


Кога тренираш за маратон, следењето на кондицијата е едноставно — мериш за колку време си истрчал одредена далечина и дали со текот на времето си станал подобар/ра или забушаваш.

Ако вежбаш во теретана — можеш да си направиш споредба колку тежина си кренал оваа седмица во споредба со претходните.

Но, дали ваква евиденција е доволна? 🤔

Како да го измериш твојот фитнес прогрес?

Како најлесно да провериш дали напредуваш или може е време да смениш дисциплина и начин на живот?

Овие се 5 лесни техники што ќе можеш да ги примениш уште денеска:


Почнала како инструктор по аеробни тренинзи, но по проблем со коленото докторите ѝ дозволиле да вежба само јога. Немајќи друг избор, се префрлила на јога часови каде што сфатила дека токму јогата е вистинската дисциплина за нејзе.

Запознајте ја Татијана Јанакиева, наш FitKit Plus инструктор која ја води програмата 40 минутна Винјаса. 👋

40 минутна Винјаса е внимателно дизајнирана програма за почетници која го активира целото тело. Секој час е различен, за на вежбачот никогаш да не му стане досадно.


Photo credits: Victor Freitas

Дали некогаш ти се случило да одиш да вежбаш, некоја справа да ти падне во очи ама појма немаш како да ја користиш? 🤔

Ако си помалку срамежлив/а ќе прашаш за помош некој од вежбачите околу.

Ако ангажираш личен тренер да вежба со тебе, не само што ќе научиш како правилно се користи справата, туку и максимално ќе ги осетиш придобивките од истата.

Дали и колку вреди да се плати за користење на личен тренер? 💲

Дали тоа е најдобрата фитнес одлука што можеш да ја донесеш? Или e просто фрлање на пари?

Во следниве неколку минути ќе го добиеш…


voPhoto credits: https://unsplash.com/@sulemakaroglu

Не сите вежбачи ќе си заминат среќни по тренинг. Некои ќе се наполнат со позитивна енергија, а други ќе шират критики за услугата во твоето студио. 😟

Колку и да се обидуваш да му угодиш на секој вежбач, секогаш ќе има поплаки. Најважно е негативните коментари да не ги надминат убавите зборови.

Овој текст ќе ти покаже како да се справиш со најчестите поплаки што ги добиваш од клиентите и да ги свртиш во твоја полза. Сепак станува збор за твојата репутација, a со тоа нема играње.

За среќа, полесно е отколку што мислиш. 😊

Пред да преминеме на решенијата…


FitKit Plus X-Fit програма на Елисавета Димовска
FitKit Plus X-Fit програма на Елисавета Димовска

Почнала да тренира од љубопитност, а денес е еден од најдобрите тренери и нутриционисти во земјава.

Запознај ја Елисавета Димовска, тренер што ја води програмата X-Fit на FitKit Plus. 👋

Започнав да тренирам за прв пат во 2014 година. Претходно немав искуство со никаков спорт и сакав да воведам промена кај себе. Кога видов како се менува телото и животот со воведување на позитивни промени преку исхрана и тренинг, одлучив дека сакам да им помагам на луѓето да го постигнат истото што и јас го постигнав. Истата година запишав и факултет за Нутриционизам. По неговото завршување во 2017 година, работам…

Fit Kit

Вежбај кога сакаш, што сакаш и каде сакаш

Get the Medium app

A button that says 'Download on the App Store', and if clicked it will lead you to the iOS App store
A button that says 'Get it on, Google Play', and if clicked it will lead you to the Google Play store